Нови автобуси низ Скопје

Денес на паркингот пред спортскиот центар Борис Трајковски беше претставен првиот кинески двокатен автобус, заедно со уште 17 нископодни автобуси од Украина.

Автобусот иако е произведен од страна на кинеската фабрика за автобуси Јутонг, најголем дел од деловите се од германско и американско производство. Опремен е со електрична рампа за лицата со посебни потреби и мотори еко-4, со што зачително се намалува потрошувачката на гориво. Автобусите имаат и систем за ладење и за греење.

Годинава се очекува да пристигнат 70-тина од вкупно планираните 202 кои ќе се возат низ Скопје, а еден панорамски и во Охрид.

На промотивното возење од СЦ Борис Трајковски до центарот на градот присуствуваа претставници на Владата на РМ и Град Скопје, како и медиумите. Автобусот уште денес ќе биде пуштен во редовен сообраќај на линијата 15а од Ново Лисиче до Карпош 4.

Текст и фото: Тони Арсовски

You May Also Like