По повод пуштањето во употреба на целосно изградената Арена Филип Втори, се очекува да настапи U2, големата ирска и светска атракција.
Овој бенд кој 30 години пали и жари по стадионите низ светот, на почетокот на јуни месец, во предвечерјето на натпреварот помеѓу Македонија и Република Ирска, ќе ги разгори срцата на бројните обожаватели. Се очекува да пристигнат и огромен број на обожаватели и од оваа островска земја, кои покрај фудбалскиот натпревар ќе имаат можност да го слушаат и нивниот омилен бенд.
Во продажба ќе се пуштат околу 45 000 влезници, по популарни цени од само 1000, па се до 3000 денари, во зависност од местоположбата. Во наредните неколку дена се очекува да бидат познати и останатите детали околу овој грандиозен настан. Знаејќи дека тоа би било и своевиден крај на политичките кампањи со оглед на најавените парламентарни избори, ова ќе претставува вистински уживање за сите искрени љубители на добрата музика.
Секако, сето ова би било прекрасно доколку е вистина, не првоарилска шега! Не ни се лутете што ве насанкавме, сепак таков е денот. U2 можеби во некоја наредна прилика. Априлилили! 😉