Градот ја одбележа 49-годишнината од катастрофалниот земјотрес

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и секретарот на Град Скопје, Гордана Клинчарова, денеска (четврток, 26 јули), на Градските гробишта во Бутел, положија цвеќиња во спомен на загинатите во земјотресот, што го разурна Скопје 1963-та година.

Цвеќе положија и официјални делегации на: Собранието на Република Македонија, на Владата, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од Министерството за култура на РМ, Министерството за одбрана на РМ, претставници на скопските општини, неколку Јавни претпријатија, претставници од партиите во Република Македонија, Црвениот крст на град Скопје, како и официјални делегации на повеќе земји во нашава република, меѓу кои: Амбасадата на Франција, Холандија, Велика Британија, Германија, Турција, Италија, Хрватска, Полска, Србија, Словенија, Русија и претставници од делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Во 9 часот во Домот на Армијата започна традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на град Скопје, која траеше до 17 часот.

Вечерва, во Музејот на град Скопје, во 19 часот, имаше литературно читање „Поетесите за својот град“, а во 21 часот, свечено  се отвори изложбата „Првиот новинарски извештај од разурнатото Скопје“.

На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, а сите активности кои беа реализирани денеска се во знакот на одбележувањето на 49 годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963-та година.

 

You May Also Like