Хуманитарна Велигденска трпеза

По повод велигденските празници, коалицијата „Боите на животот“ организира хуманитарна акција за собирање на храна за социјално загрозени семејства.

veligdenska_trpeza

Ортганизаторите на хуманитарната акција најавуваат: „На најголемиот христијански празник, симбол на споделување, сочувство, радост и хуманост, ги повикуваме сите граѓани да се вклучат во оваа акција и да придонесат Велигденската трпеза да ја вкусат и оние луѓе кои борбата за опстанок ги прати секојдневно.

Велигден е денот кога ја споделуваме добрината со луѓето кои им е тоа потребно. Прекрасно е чувството кога повторно ќе се види насмевка на лицата кај овие луѓе.

Ве повикуваме да донирате храна во текот на оваа недела, која ке биде поделена на социјално загрозените фамили за кои се грижиме.

Сите оние волонтери кои сакаат да учествуваат не само во донирањето туку и во дистрибуцијата на собраната храна може да се обратат кај Соња 071/98.10.11 (sonja_mala@yahoo.com), која ќе ве информира за деталите околу целата хуманитарна акција“.

You May Also Like