„Бетмен“ во Кино Милениум

“БЕТМЕН – Издигнувањето на темниот витез”, денеска (петок, 27 јули) во 20:00 часот во Кино Милениум ќе ја доживее својата македонска премиера.

И покрај неговата намалена популарност по настаните од “Темниот витез” во која тој го доби обвинувањето за злосторствата на Дент, Бетмен се чувствува принуден да интервенира за да му помогне на градот и неговите полициски сили кои се борат за да се справат со плановите на Бане кој сака да го уништи градот.

Премиерата во Кино Милениум е според планот за европските премиери на светскиот филмски хит, а како дел од жешкото лето на Градското кино.

Билетите се веќе пуштени во продажба на благајната на киното и истите ќе чинат 150 денари.

Филмот ќе биде ставен на репертоар од 20:00 и 23:00 часот.

You May Also Like