Олимписки постери во просториите на Британскиот совет

Изложбата на олимписки постери од врвни британски уметници е поставена од вчера (среда, 25 јули) во просториите на Британскиот совет во Македонија. Изложбата е составена од дванаесет олимписки постери и е своевиден придонес на Британскиот совет кон Олимписките и Параолимписките игри кои ќе се одржат во Лондон.


Поставката ќе може да се погледне во излогот на Британски совет во Македонија (на бул. Гоце Делчев бр.6, НУБ) и ќе биде поставена до 9 септември годинава, заклучно со последниот ден од Параолимписките игри во Лондон.

You May Also Like