Музичката куќа „Сил- Вла“ од Скопје го најавува осмомартовскиот концерт на големата српска ѕвезда, младиот актер и музичар Иван Босиљчиќ.
По повод 8 Март, денот на жената, концерт во Универзала сала ќе одржи миленикот на женскиот дел на балканската публика Иван Босиљчиќ која стана популарен по сериите : „Гревот на нејзината мајка“, „Непобедливо срце“, „Љубов и омраза“, „Ранет орел“, „Последна аудиенција“, „ Љубов, навика, паника“, „Доаѓаат доларите“….
Организаторите велат „Младиот и обожаван Иван, плени и со бројните театарски , но и филмски улоги, остварени во „Страв од летање“, „Каде што цвета лимон жолт“, „На убавиот син Дунав“… Она што особено остава впечаток кај овој млад и популарен артист се бројните музичко- актерски перформанси кои ги прикажува пред публиката. Тој, како посебен вид на модерна уметничко- сценска атракција може да се пофали со неколку наполнети сали во престижниот белградски Сава центар“.
Концертот на 8 март во Универзалнатасала ќе започне во 20:30 часот.