Гевгелија и официјално „Град на културата“ за 2011

Преку културната манифестација и оваа година продолжуваме со нашата определба да ја дисперзираме културата до сите делови од земјава, бидејќи културата претставува фундаментална област на општественото живеење, фактор преку кој може да се изрази идентитетот на секој поединец или група, како и да се придонесе за севкупниот развој на  општината.


Со претставување на портретот на големиот македонски поет, романсиер, драмски автор и добитник на многу награди и признанија за литература,  Петре М. Андреевски, поетското читање на стиховите од една од најубавите негови поетски збирки „Дениција“ и изложбата на акварели од познатиот македонски сликар Васко Ташковски, синоќа во Гевгелија започна  богатата културна програма по повод свеченото отворање на  културната манифестација „Гевгелија – град на културата за 2011“.

Манифестацијата за отворена ја прогласи министерот за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска.


„Еден од приоритетите на Министерството за култура  е  заживувањето на културата на локално ниво, намалувањето на културните диспаритети,   создавањето услови за развој на културниот туризам како фактор за социјалниот и за економскиот развој. Преку културната манифестација и оваа година продолжуваме со нашата определба да ја дисперзираме културата до сите делови од земјава, бидејќи културата претставува фундаментална област на општественото живеење, фактор преку кој може да се изрази идентитетот на секој поединец или група, како и да се придонесе за севкупниот развој на  општината. Министерството за култура како и досега, така и во иднина, ќе ги помага сите активности кои ќе го интензивираат културниот развој на Гевгелија“, истакна Канческа-Милевска.

По свеченото отворање, на Градскиот плоштад во Гевгелија започна гевгелиската „Бела ноќ”, која траше до раните утрински часови. На отворената сцена концерти одржаа, групите „Љубојна“, „Фолтин“, “Суперхикс”, а настапија и групата “Зијан” диџеј Ерик Фокс од Антена 5, потоа диџеите Марчин, Тони Димитров, Јаков и Фирма.

Во рамките на годинашната манифестација “Гевгелија – град на културата”, со програмата се предвидени над 150 културни настани.

Превземено од: Министерство за култура

You May Also Like