Репертоар за тековната недела на Бит Фест

Битолското културно лето „Бит Фест“ свечено се отвори по шести пат изминатата сабота во Битола, со неколку часовна филмска музика во изведба на камерниот гудачки оркестар Арко од Скопје.


На свеченото отварање присуствуваа голем број гости а оркестарот изведе музика од најпознатите филмови на режисерот Вон Кар Ваи „2046“ и „Расположени за љубов“, потоа познатите песни од филмовите со Френк Синатра „Њујорк Њујорк“ и  „Пеејќи на дождот“, саундтракот од филмот на Копола „Кум“, филмската музика од блокбастерот „Пиратите од Карибите“, македонскиот филм „Прашина“ како и музички колажи од најпознатите турски серии кои се емитуваат изминатиот период на националните домашни телевизии.

Престојната битфестовска недела е исполнета со голем број културни настани.  Проследете ги:


Вторник 28 јуни

–    17:00  часот Концерт на КУД „Плетенка“, локација Центар за Култура
–    21:00 часот Промоција на нова летна сцена амфитеатар „Тумбе Кафе’“ со концерт на „Ad libitum art“ ( вокална група во состав катерина Јосифовска – диригент, Магдалена Наумоска – сопран, Александра Ј. Момировска – сопран, Билјана Павлова – алт, Маја Трајковска – алт, Никола Петровски – тенор, Никола Трајановски – тенор, баритон, Кирил Стојцевски – бас, Никола Балјаревски – бас, гостин виолинистот Димитар Михајловски)

Среда 29 јуни

–    20:30 часот  Изложба Колонија Де Ниро , насловена “Урбана колонија”. И овојпат на неа  ќе учествуваат македонски бардови на сликарството и странските гости кои даваат  посебна тежина на колонијата.На колонијата продолжува учеството на млади и докажани автори од Битола, а новина е оваа година е што уметничкиот совет се збогати со три познати имиња секој во својата земја: Мисрослав Масин од Македонија, Драган Мијач од Црна Гора и Стојан Џурич од Србија. Изложбата ќе биде во културнипт мултимедијален простор Магаза, со дела од минатогодишната колонија .
–    22:00 часот Концерт на рок бендот „Ultrasonic“, локација: летна сцена „Тумбе кафе“

Четврток 30 јуни

–    20:30 часот Музичко поетска вечер Мери Кафкалева – клавир и Елена Георгиева – Костадиновиќ (виолина), локација : Завод и Музеј
–    22:00 часот Свирка на битолскиот бенд „ Synthetic sax project“ , локација: Широк сокак


Петок  1 јули

–    22:00 часот Концерт „ Sonic acoustic concert“ на Широк сокак

Сабота 2 јули

–    20:30 часот Јана Четелева пијано, Народен театар Битола
–    21:00 часот „Вечер на документарни  филмови посветени на Битола “, локација/ Широк сокак
–    21:00 часот Фестивал „Смотра“ на независната културна Асоцијација  615, гости: диџеите Saso Recyd, T- Zobe, Danny- L , локација: војнички ресторан во битолската воена касарна.

Битолското културно лето трае до 27- ми август и е во организација на општина Битола, а покровител е градоначалникот Владимир Талески.

You May Also Like