Саем на книга – потпишување на романот “Љубовта за Ана”

На овогодишниот саем на книга, во петокот (15 април), се одржа Потпишување на романот “Љубовта за Ана” од авторот Иле Милевски. Потпишувањето се одржа на штандот на Матица Македонска од 13:00 до 16:00 часот. Читателите имаа можност да другаруваат со авторот, да го прашаат најразлични прашања за книгата и да добијат потпис и посвета.


– Интересот кај младата претежно женска читателска публика за романот “Љубовта за Ана” беше голем. Ми претставува задоволство кога гледам дека младите добро ја прифаќаат книгата и тоа ми дава поттик да напишам нова книга, вели авторот Милевски.


Инаку ова беше првото официјално потпишување на романот од страна на овој млад автор. Се надеваме дека во иднина ќе има повеќе вакви настани и другарувања помеѓу писателите и читателите.

You May Also Like