Редовни информации за квалитетот на воздухот во Скопје

На веб страницата на Град Скопје, www.skopje.gov.mk, граѓаните можат редовно да се информираат за квалитетот на воздухот во градот.

Градот Скопје во февруари годинава во паркот пред Домот на АРМ постави дисплеј за мерење на квалитетот на воздухот и презентација на измерените резултати, како дел од проектот со наслов „Скопје дише“. Дисплејот е поврзан со градската Интернет-страница каде што, во реално време, ќе може да се погледнат параметрите за квалитетот на воздухот во центарот на градот, како и препораките за граѓаните. Градот предвидува да го прошири проектот со поставување нови мерни уреди за следење и прикажување на квалитетот на воздухот и на други локации.

Мониторинг станицата пред Домот на АРМ врши мерење на параметрите сулфурдиоксид, азотни оксиди, јаглеродмоноксид и суспендирани честички со големина до 10 микро метри.

Индексот за квалитет на воздух и препораките за граѓаните се одредуваат во согласност со европските и со американските практики за информирање.

Информациите за квалитетот на воздухот може да се погледнат преку следниот линк:

http://www.skopjecentar.ekoinformatika.mk/

You May Also Like