Македонија Топ 10 туристичка дестинација за 2011

На сајтот на CNBC Magazine беше објавена листа направена од страна на Ли Маршал, уредник во Condé Nast Traveller, кој во својата листа за 2011 година на десет најатрактивни туристички дестинации, на високото трето место ја посочува Македонија.

За Македонија тој вели „оваа поранешна југословенска република веќе долго време е опсервацискиот радар како потенцијална туристичка дестинација. Иако главниот град, Скопје, во некои делови има одреден Отомански шарм, Охридското езеро, кое е на самата граница со Албанија, е местото за кое повеќето посетители со суперлативи се изразуваат. Замислете го езерото Комо, со наргиле, исклучително крајбрежје, огромен број православни цркви и ќе дојдеш до еден уникатен дух на овој прастар геолошки локалитет на самиот воден брег. Самиот Охрид, со прекрасното  старо градско јадро, ви нуди одлична можност во топлите летни денови за јадење, пиење и целосна забава. Сега се работи на проширувањето на аеродромите во Скопје и Охрид благодарение на турскиот оператор ТАВ, кои ќе се модернизираат во блиска иднина.“

Покрај овој симпатичен краток текст за Македонија, Маршал ги посочува на кратко ви Флоријанополис во Бразил, центарот на белгиската мода Антверп, а по Македонија следат и Колумбија, Алжир, Дамаск во Сирија, полуостровот Калиптија на Шри Ланка, италијанскиот регион Базиликата, Чикаго – родниот град на Барак Обама и за крај, нашиот поранешен добар „пријател“ вечно непризнаената островска држава, Тајван.

Овој тип на реклами се навистина од големо значење за Македонија, за да конечно таа стане позната туристичка дестинација. Да се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да угостиме добар дел од светските патници и да му покажеме на светот што се имаме.

You May Also Like