Вчера (14 јуни) во манастирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски, започа јубилејната 20-та Меѓународна Копаничарска колонија, именувана токму според светецот во чиј манастир се одржува „Свети Јоаким Осоговски.
На колонијата ќе земат учество 20-на автори од Р.Македонија, Р. Бугарија и Р. Србија.
Годинава, заради 20 годишниот јубилеј, во рамките на колонијата ќе бидат организарани и дополнителни настани, како што се:
– ретроспективна изложба на најзначајните автори учесници на колонијата која ќе биде отворена денеска (15.06 2013) во 19.30 ч во Н.У Центар за култура – Кр. Паланка
– семинар за копаничарство кој ќе биде одржан на 18.06 2013 во манастирот Св. Јоаким Осоговски со почеток од 19.00 ч .
Колонијата ќе трае до 19.06 2013 година.
Настанот е дел од манифестацијата „Град на културата 2013“.