Изминатата недела паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше домаќин на љубителите на тјунирани автомобили.
На осмиот годишен собир, наречен „hell race 402“, беа најавувани бројни гости од странство, но сепак најбројни беа автомобилите од градот домаќин, Скопје. За музичкиот дел од забавата беа задолжени ди џеј Славе и ди џеј Чваре. Трката на четврт милја и дрифтингот беа од ревијален карактер.