Прес во Францускиот културен центар на тема „Обединети за утре – Платформа за одржлива иднина!“

Денес (четврток, 6 октомври 2011 година) , со почеток во 14:00 часот, во Францускиот културен центар (Градски ѕид блок 5, Скопје) ќе се одржи конференција за печат на тема „Обединети за утре – Платформа за одржлива иднина!“.

Амбасадата на Франција и здружението на граѓани „Гоу Грин Скопје“ со големо задоволство ја објавуваат заедничката соработка на програмата „Обединети за утре – Платформа за одржлива иднина!“, која има за цел да ги поврзе членовите на најрелевантните младински здруженија, да ги едуцира на тема одржлив развој и активно да ги вклучи во општествените активности. Oфицијалниот почеток на програмата ќе биде на 8 октомври 2011, на Економскиот факултет во Скопје, во форма на еднодневен семинар, за време на кој Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција, ќе има поздравен говор, проследен со излагања на претседателите на младинските здруженија

Покрај Амбасадата на Франција, која е главен подржувач на иницијативата, партнерски организации на програмата се: Сојузот на Извидници на Македонија (СИМ), Младинскиот Образовен Форум (МОФ) и АИЕСЕК Скопје.

На прес конференцијата Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција, и г-дин Антонио Јовановски, Претседател на „Гоу Грин“ ќе бидат отворени за прашања и дополнителни информации околу програмата.

You May Also Like