Во Музејот на современата уметност вечерва (понеделник, 24 септември) од 20 часот ќе биде одбележан кинескиот „Празник на средината на есента“.
Настанот го организира Министерството за култура преку Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од Цетрална и Источна Европа, во соработка со Институтот „Конфуциј“ при УКИМ и Кинеската амбасада во Македонија.
Според кинескиот календар, фестивалот се одржува на денот кога Месечината е сосема тркалезна и го симболизира обединувањето на семејството и е период кога семејствата и пријателите се собираат заедно за да прослават.
На настанот ќе биде претставена кинеската традиционална култура – поетско читање, изведба на традиционална музика со кинеска цитра, презентација на уметноста на калиграфијата и други елементи на кинеската култура.
Настанот ќе го поздрават министерот за култура Асаф Адеми и кинеската амбасадорка Јин Лисјен.