Институтот за етнологија и антропологија, при Природно – математичкиот факултет, кој е дел од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, започна со промоција на својата студиска програма.
На видеото имате неколку истакнати јавни личности кои промовираат етнологијата и антропологијата како научни дисциплини. Можеме да ги видиме Јордан Плевнеш – писател и поранешен амбасадор во Франција, Слободан Унковски – драмски режисер од светски калибар, Бени Шаќири – пеач на Нон Стоп и Вера Милошевска – пеачка на Љубојна, инаку двајцата поранешни студенти на Институтот за етнологија и антропологија.
Доколку сеуште размислувате каде да се запишете на факултет, Институтот за етнологија и антропологија е вашиот вистински избор. Дознајте повеќе на официјалната страница на Институтот.