Решат Амети изложува во Софија

На 19 април 2011 година (вторник), во 18 часот,  во Арт галеријата при Националниот дворец на културата во Софија (Бугарија) ќе се отвори изложба на нашиот афирмиран уметник Решат Амети, во организација на Националната галерија на Македонија, а во соработка со Културно информативниот центар на Македонија, во Софија.

Изложбата на Амети, всушност е селектиран избор на дела од неговата реторспективна изложба која мината година се одржа во Даут пашиниот амам при Националната галерија на Македонија. Бугарската публика ќе има можност да се запознае со кус пресек на развојниот пат и разнородните фази од творечкиот раст на нашиот уметник Решат Амети.

Амети придонел во голема мера и во едукативниот систем, како предавач, едукатор и професор.  Застапен е во голем број книги, а неговите дела се во голем број домашни и странски колекции, национални и приватни. Добитник е на голем број признанија наши и од светот. Имал над 20 самостојни изложби, од кои пола во странство, со што придонел кон афирмација на македонската култура и уметност.

Изложбата ќе ја отвори г-дин Благој Ханџиски, амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија.

You May Also Like