Скопје со нови автобуси

Денес на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“, беа промовира првите 15 автобуси, кои Владата на Република Македонија ги набави за жителите Скопје.

Во присуство на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-нот Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје, г-нот Коце Трајановски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на ЈСП-Скопје, Мишо Николов, автобусите беа официјално пуштени во употреба по скопските улици.

Се очекува да текот на 2011 година да дојдат уште околу 130 автобуси, а останатите до бројката 300, во наредната 2012 година.

На Скопје му фалеше вакво подновување. Да ги зачуваме автобусите, и да не дозволиме да се руинираат.

You May Also Like