Летото е едно од најомилените годишни времиња за децата. Во текот на летниот период се реализираше циклус од детски креативни работилници во Националната галерија на Македонија, под наслов „Летни приказни”.
Во креативниот циклус беа анимирани теми кои се составен дел од летниот распуст како: „Во морските длабочини”, „Сладолед”, „Овошјето како уметност”, „Градот убав пак ќе никне”, „Жнееме и твориме”.
Ова лето, во проектот насловен „Летни приказни“ учествуваа деца од повеќе училишта и едукативни центри, имаа можност да работат во различни ликовни техники на споменатите теми, создадоа нови пријателства и многу моменти за паметење.
Како финале на претходното, проследете ги најубавите раскажани летни приказни на 5 септември (четврток) 2019 год, во дворот на објектот Даут пашин амам, во 13 часот.