Нови животни во Зоо Скопје

Доцна синоќа, скопската Зоолошка градина се збогати со неколку нови животински видови. Од Зоолошката во Софија (Бугарија) пристигнаа крокодил, анаконда, игуана и неколку видови на папагали.

Крокодилот е млад, има нешто помалку од 3 години и е долг еден метар и 20 сантиметри. Се работи за нилски крокодил, кој во природни услови живее помеѓу 35-40 години, а во заточеништво дури и до 60 години. Може да достигне должина и на 4 метри.

Анакондата е сеуште бебе, и е стара само неколку недели. Таа, исто како и игуаната, ќе бидат неколку недели во карантин и подалеку од очите на пошироката јавност, се додека не се изгради и официјално пушти новиот терариум, кој во моментот е во изградба, веднаш до Едукативниот центар.

Читајте и уживајте во ексклузувните фотографии на cOoLTuRa.mk

You May Also Like