Презентација за унгарската музика на македонската сцена

Презентацијата ќе се одржи на 29 мај (среда) во 12 часот, во просториите на Универзитетот за аудио-визулени уметности ЕФТА (ЕСРА).

Во рамките на Неделата на унгарската култура во Македонија ќе се одржи презентација на тема „Унгарските музички уметници на македонската културна сцена“.

Настанот е поддржан од Амбасадата на Унгарија во Македонија.

Со свои научни презентации ќе се претстават: Александар Трајковски, Елени Новаковска, Соња Здравкова Џепаровска, Јулијана Папазова и Весна Малјановска.

You May Also Like