Осветлен нов дел од кејот на Вардар

Град Скопје деновиве постави улично осветлување на неосветлениот дел на Кејот на реката Вардар, на потегот од Транспортен центар до рибарската куќичка.

На делницата од 950 метри се поставени 18 столба со по 2 штедливи светилки,вкупно 36 на број. Со осветлувањето на овој дел на Кејот на граѓаните им се овозможува да ги користат ролерската и велосипетската патека и во вечерните часови.


За реализација на овој проект Градот Скопје од својот буџет издвои околу 1.500.000 денари.

You May Also Like