Дводневна новинарска работилница се одржа изминативе два дена во хотелскиот комплекс „Метропол и Белви“. Петнаесетина новинари од национални и локални медиуми беа дел од работилницата во организација на Македонскиот институт за медиуми како дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Работилницата ја водеа Назим Рашиди и Игор Мицевски, предавачи на МИМ и на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, кои работeле и за истакнати меѓународни медиумски куќи и имаат обемно познавање во известувањето и предавањето за овој вид на новинарски теми. Инаку, оваа обука беше одлична можност за стекнување на современи познавања за начините на известување за различностите и образованието во контекст на меѓуетничката интеграција.
„Ние се потрудивме да ги изнесеме нашите искуства за оваа обука и за целиот проект за меѓуетничка интеграција и се надеваме дека знаењата кои ке ги понесат новинарите ке ги применат во нивната практична работа во редакциите. Пред се, веруваме дека отсега натаму новинарите нема да настапуваат со предрасуди ксенофобија на терен и дека редакциите ќе се потрудат да стават поголем акцент на подобрување на мултикултурализмот кој очекуваме да ги опфати сите маргинализирани етнички групи“ – велат обучувачите.
„Нашата главна дел е да се потрудиме да создадеме позитивна клима за запознавање на нашата публика со етничкиот диверзитет со акцент на интеграцијата, наместо на сепарацијата со оглед на тоа што медиумите ја имаат една од клучните улоги во градењето на културниот текст. И тоа нашиот фокус е да придонесеме за интеграцоија во образовниот процес каде се изградува карактерот на една индивидуа“ – велат од организацискиот тим од УСАИД и МИМ како партнер во проектот.
…Почнува новата школска година и сакаме да ги известиме новинарите дека имаме доволно информации за да ги хранеме медиумите. Потребно е само да покажат поголем одзив и интерес за теми посвретени на мултикултурализмот и етничката толеранција и тоа во констуктивен контекс, а не да се осврнуваат повеќе кон теми во негативна конотација”- изјавија од тимот задолжен за реновација на училиштето Братско Миѓени од Тетово.
На крајот на работилницата новинарите од македонските и албанските медиуми ја изразија благодарноста до организатоирите за оваа работлница и имаа можност да ги изнесат своите ставови за ефективноста на обуката и на тој начин, минувајќи низ сите активности од агендата извршија своевиедна кратка евалуација на целата обука.
Освен тоа, учесниците имаа можност да известат за своите медиуми за најновите конкретни активности на ПМИО (проектот за меѓуетничка толеранција на УСАИД), како што се реновирањата и подобрувањето на условите кои се направени во последниот месец во неколку училишта опфатени со овој проект, а кои беа претставени од тимовите за реновација, кои вклучуваат претставници на училиштата, општините и образовните институции. Исто така, на настанот, новинарите можеа да разговараат со релевантни извори, кои можат да дадат стручни мислења за овие важни аспекти од образовниот процес кои влијаат на меѓуетничките односи, за што е мошне значајно јавноста да се информира токму сега, пред почетокот на училишната година.
Имајќи ја предвид исклучителната деликатност и важност на меѓуетничките односи за јавниот интерес и стабилноста на нашето општество, организаторите сметаат дека оваа работилница е одлична можност новинарите (а со тоа и граѓаните) поподробно да се информираат за овие прашања, фокусирајќи се на она што сите одговорни чинители треба да го преземат за подобрување на сегашните состојби. Работилницата е добра можност за медиумите подобро да се запознаат со активностите на Проектот, кои во овој контекст се насочени кон подобрување на состојбите и квалитетот во образовниот процес, но е исто така одлична можност за претставниците на ПМИО да го слушнат непосредно мислењето на претставниците на јавноста за оваа проблематика, и секако, за да се изнајдат најдобри начини за комуникација и соодветно информирање на граѓаните за овие теми.
Ивана Чичоска