Музејот на Град Скопје ќе добие донација од академскиот сликар Родољуб Анастасов. Тој ќе донира 389 свои дела од целокупното творештво создавано во периодот помеѓу 1957 – 2010 година.
Доајенот на современото македонско сликарство,во текот на утрешниот ден ќе потпише договор со Музејот за донацијата која опфаќа цртежи, акварели, пастели, дела работени во комбинирана техника и масло на платно.
– По повод овој вреден легат од донаторот Родољуб Анастасов, Музејот на град Скопје во соработка со Градот и Министерството за култура прави напор да се изнајдат материјални средства за адаптација на просторот за поскоро оформување галерија која ќе го носи неговото име, соопштуваат од Музејот на Град Скопје.
Од 1991 Музејот има и 30 донирани слики од врвниот акварелист Љубомир Белогаски кои се чуваат во посебна галерија именувана по авторот.