Отворена изложбата „Велигденски традиции“ во Битола

„Велигденски традиции“ подарува можност да се научи нешто повеќе за нашите предци негувајќи ги сопствените културни дострели кои во најтешките времиња успеале да се сочуваат и негуваат.



Изложбата на народни носии и ракотворби „Велигденски традиции“ синоќа беше отворена во градот на конзулите во соработка со организацијата на Македонското научно друштво и Центарот за етнологија и негување на фолклорот „Етно Илинден“.

Свеченото отварање на изложбата го прогласи митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски владика Петар. „Велигденски традиции“ е поставена во салонот „Магаза“.

„Станува збор за мајстории направени со размисла, со молитва, со сериозно чувство за оној за кого тоа се прави. За невестата или за зетот, за блиските и за други лица за кои македонката во себе носи длабоки чувства. Оваа изложба овозможува да се научи нешто повеќе за нашите предци и да ги негуваме нашите културни дострели што во најтешки времиња успеале да ги сочуваат и негуваат. “ – изјави владиката Петар за Македонската радио телевизија.

Автор: Љубица Поповска

You May Also Like