Остен утре ја отвара 38-та Светска галерија на уметноста на хартија

Пикасо
Пабло Пикасо

Свеченото отварање на 38-та Светска галерија на уметноста на хартија – Цртеж 2010, ќе се случи утревечер (четврток, 16.12.10) во 20.20 часот, во галеријата на Остен на улица „8 Ударна бригада“ 2 (спроти Матицата на иселеници).

Оваа година ОСТЕН го бележи големиот јубилеј – 65 години од своето формирање. Остен е формиран во 1945 година, а веќе во 1969 година ја востанови меѓународно познатата  Светската галерија на карикатури, денеска една од најстарите вакви манифестации во светот.

Во оваа прва деценија на 21 век, ОСТЕН пристапи кон организациска и концепциска надградба. ОСТЕН востанови единствена Светска Галерија на Уметноста на Хартија со две посебни манифестации – едната на цртеж, а другата на сатиричен цртеж и карикатура. Минатата година ОСТЕН го иницираше Меморандумот за основање на  Меѓународниот институт за Уметноста на хартија заедно со угледните меѓународни уметнички манифестации – Фондацијата Кандински – Русија, Меѓународното графичко биенале во Варна – Бугарија и Меѓународно графичко триенале во Битола – Македонија. ОСТЕН работи на остварување и на својата сериозна намера да формира Музеј на Светската  Уметност на Хартија. Оваа година Светската галерија на уметноста на хартија – ЦРТЕЖ 2010 се одржува по 38 пат.

На годинашнава Светска галерија на цртеж учествуваа околу 350 уметници со 780 карикатури од 51 држава од светот. Светската галерија на цртеж ќе ја отвори академик Влада Урошевиќ кој воедно и ќе им ги врачи наградите и признанијата на уметниците. Покрај Владимир Величковиќ присутни ќе бидат и наградените уметници Агата Герчен и Павел Ворхол од Полска, Паоло Чампини од Италија, Стефан Бергер од Шведска, Антоанета Абаџиева од Бугарија и Петар Хејдек од Германија.

Гран При наградата за животно дело се состои од бронзена скулптура, паричен износ од 5000 долари и повелба на Остен. Првите награди се состојат од паричен износ од 1000 долари и повелба.

Наградата Златен Остен се состои од студиски и работен престој во Република Македонија во траење од 15 ден, во соработка со Фондацијата Аполонија, а кој ќе биде реализиран во заеднички термин за наградените, потоа со самостојна изложба, и со повелба на ОСТЕН.

Величковиќ
Величковиќ

За Светската галерија на уметноста на хартијата – Остен Светска галерија на цртеж Скопје 2010 чест е што меѓу многуте мајстори на цртежот можевме да го имаме и Францускиот уметник, по потекло од Србија, Владимир Величковиќ, кому му припадна годинашнава награда Гранд При за животно дело, а наградата Светско културно наследство на Пабло Пикасо за дела од колекцијата на Остен од Скопје.

Значаен чекор во нашиот развој е формирањето на Меѓународниот институт на уметноста на хартијата со седиште во Охрид, Република Македонија, во градот кој има централно место за развојот на сесловенската писменост. Кон оваа иницијатива се приклучија и меѓународните ликовни институции како што се Биеналето на графика во Варна, Бугарија, Фондацијата Василиј Кандински од Москва, Русија, Триеналето на графика во Битола, Р. Македонија.

You May Also Like