Министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (среда, 16.06.2011 година) ќе ги посети националните установи од областа на културата во Охрид, и тоа: Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Центарот за култура „Григор Прличев“ во чии рамки функционира и Охридскиот театар и Националната установа „Охридско лето“.
Предвидено е министерката за култура Канческа – Милевска да даде изјава за медимите во 14:30 часот пред зградата на установата „Охридско лето“.