„Ангели од сапуница“, флејта со пијано и документарен филм на БИТ ФЕСТ денес

Денеска, (вторник, 19 јули 2011 година) на програмата на БИТ ФЕСТ ќе може да ги проследите следните културни настани:

20:00 часот НУ Народен театар Битола   ,,Ангели од сапуница” од театарот Вера Комесаржевскаја од Санкт Петерсбург, Руска Федерација.

Текст: Едуардо Кинтеро, режија Александар Морфов

Може да одите по јаже? Се разбира дека можете, во спротивно ќе умрете… Ангел ве држи! Секое утро се будиш и одиш по едно тенко јаже обидувајќи се да ја задржиш својата рамнотежа меѓу љубовта и омразата, честа и подлоста, великодушноста и алчноста, гневот и толеранцијата.  Постојат гледачи секаде околу тебе.  Половина од нив очекуваат да паднеш, но, постојат некои што те сакаат.  Тие се твоите ангели.

Морфов е во исто време и режисер и филозоф, неговите продукции изведувани низ повеќе години се сосема различни едни од други поради промените на светот, промените на самиот Александар Морфов и преобразбите на општеството.  Тоа е причината што неговите претстави неизбежно имаат инспиративен ефект врз неговите верни следбеници, новодојденците во театарот како и театарските експерти.

____________________________________

20:30 часот Концерт на Марија Шамовска – Пијано и Марија Јосифовска – флејта – НУ Завод и Музеј

Марија Шамоска родена е во Битола во 1983 година каде го завршува основното музичко училиште, каде продолжува во средното музичко училиште.  Во 2001 се запишува на факултетот за музички уметности во Скопје и го завршува во 2005 година.  Во 2008 година се стекнува со звањето магистер.  Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари и е добитник на повеќе награди и тоа:прва награда на натпреварот ,,Francesko forgione” во Италија, трета награда на натпреварот ,,Genova 2002″ – Италија, специјална награда за најдобро изведено македонско дело на натпреварот ,,Интерфест” Битола, второ место со клавирско трио за државен натпревар во Скопје, повеќе награди во склоп на камерни состави.  Моментално работи како професор по пијано и музички соработник во државното музичко училиште во Битола.

Марија Јосифовска е родена во 1973 година во Штип, каде штпо го завршува основното музичко образование, со многубројни први награди, уште од мали нозе, на републички и сојузни натпревари.  Средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност завршува во Скопје, а магистрира во класата на Професор Љубиша Јовановиќ од Белград.

За време на своето школување и после тоа има остварено многу настапи со македонската филхармонија, неколку самостојни рецитали во Скопје, Битола, Штип, Ресен и др.  Соло настапи со младинскиот мандолински оркестар при МКЦ – Скопје.  Има остварено многу видео и аудио записи за МРТВ, Соло настапи во Италија-Рим, Холандија – Хаг и сите поранешни југословенски републики.  Работела во македонската опера како прва флејта две години, а сега работи како професор по музичка уметност во СОУ Цар Самоил – Ресен како солист.

Пијаното и флејтата на Шамовска и Јосифовска ќе не прошетаат низ:

Claude Debussy ,,Billitis”

Francis Poulenc: Sonata

J.S Bach:Suite

Oliver Massiaen ,,Le merrle noir”

Georgeos Enesco ,,Cantabile et presto”

___________________________________

22:00 часот Младински рок хепенинг – Градски парк
Настапуваат:3 G

____________________________________

21:00 часот Мултимедијален проект Румелија -крстосница на културите – Форум на млади Битола – Магаза

You May Also Like