Два настани на денешната програма на „Бит Фест“

Бит Фест го започна летниот ритам на културно живеење , така да продолжува со реализацијата на своите проекти  и настани што се зацртани во овогодинешната програма .

Од саботата , кога беше свеченото отворање Битола и битолчани пулсираат со ритамот на Бит Фест . Не ретко  се случува во една вечер да има и по три настани и сите да се преполни и да се бара седиште  повеќе .

Денес, (четврток,30 јуни 2011 година)  на програмата на Бит Фест се два настани.

Во 20:30 часот во Собата на клавирите во Завод и музеј е настанот :

Музичко –поетска вечер со Мери Кавкалевска Стоилова  – клавир и Елена Георгиева Костадиновиќ – поет

Настанот ќе се одржи на 30 јуни четврток со почеток во 20:30 часот во салата на клавирите во Завод и музеј .

Програмата се состои од изведување на поетски творби во придружба на пијано .

Професор Мери Кавкалевска Стоилова е познат педагог и музичар не само во нашата земја туку и, туку и надвор од земјава. Музичка Академија има завршено во класата на  познатиот пијанист  Владимир Крпан  (ученик на Артуро Бенедети – Микеланџели) во Загреб , а постипломски студии во класата на истиот професор на ФМУ во скопје . Добитник е на голем број награди има издадено 10 ЦД-а и две ДВД изданија . Освен што учествувала на многу на многу интернационални натпревари и била наградувана со награди таа посетувала и мајсторски школи низ цела Европа . Работела и во Академијата во Приштина каде го формира инструменталниот оддел за пијано. Во моментот е редовен професор на Педагошкиот факултет во Битола .

Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ учествувала на бројни настани и манифестации како водител, добитник е на прва награда за расказ „Владимир Костов“, учесник на натпревари по ораторство, радио водител е на УКЛО ФМ и др.

Оваа поетско музичка вечер е осмислена како вечер на емоции и воздишки , каде ќе се интерпретира поезијата на Елена Ѓоргиевска Костадиновиќ со клавирска придружба на Мери Кавкалевска Стоилова.

_______________________________________________

И во 22:00 часот на најпознатата улица во Македонија, на  битолскиот Широк Сокак ќе настапат :

Sinteticsax Project од Битола пионери во промоцијата на нов музички правец

Поаѓајќи од идеата дека потребно е освежување во музиката ,  Диџеј Никола го создава проектот Sinteticsax Project во кој се прави спој на современите трендови пред се’ хитовска музика , презентирана на радио станиците , а сето тоа максимално поддржано од звуците на саксофонот и електричната гитара и се добиваат интересни примеси на рок, латино и ориентална музика , што всушност е нов музички правец.

Диџеј Никола работи како продуцент , радиски диџеј и презентер во радио станицата 106.

Даниел Памперс е познат во музичката индустрија по неговиот бенд Памперс кој успешно опстојува на музичката сцена на Македонија .

Горан Проја е школуван музичар и своевремено Балкански Првак во свирење на саксофон.

You May Also Like