Утре (четврток, 21 јули 2011) со почеток во 11:00 часот, ќе се одржат две прес конференции.
Од страна на музичката програма на утрешниот прес ќе се обратат Директорот на НУ Охридско лето, селекторката на музичката програма на Охридско лето и Дориан Џоџи (Албанија) и Тома Хопе (Германија) кои настапуваат на 21-ви (четврток) во црквата Света Софија.
Од страна на драмската програма на утрешниот прес ќе се обратат Директорот на НУ Охридско лето, селекторот на драмаската програма на Охридско лето и режисерот на драмата „Свадбата на Фигаро“ г-динот Леван Цуладзе (Казахстан), како и директорот на МНТ – Скопје и целиот актерски персонал на оваа драма.