Утревечер, (сабота, 2 јули 2011 година) со почеток во 20:30 часот на сцената на НУ Народен театар – Битола, ќе настапи Јана Четелева, која на театарската сцена со својот концерт на пијано ќе и даде еден сосема поинакво доживување, овојпат музичко.
Јана Четелева е родена во Битола каде го изучува своето музичко образование . Дипломира на Софиската музичка академија „Панчо Владигеров“ во класата на проф. Елена Дикова
Добитник е на голем број награди: Државен натпревар – Скопје, Интерфест – Битола, Охрид Фест, Claude Khan — Париз.
Јана е магистар во класата на проф. Светозар Иванов при Универзитетот на Јужна Флорида – САД и работи како асистент по пиано на истиот Универзитет.
Програма :
Bach (Бах)
-Busoni Chacoone
Chopin (Шопен)
-Sonata op. 35. no.2
-Grave –Doppino movimento
-Scherzo
-Marche fineble:Lento
-Finale:Presto
Rachmaninoff (Рахмањинов)
-Piano Concerto op. 18. No.2
-Moderato
Корепетитор: Татјана Божиновска
______________________________________________
И вториот настан утревечер е настапот на Асоцијација 615 во Војничка касарна – менза.
Мисијата на најновиот настан на Асоцијација 615 под наслов СМОТРА е да придонесе во изградбата и поттикнувањето на младите да живеат во подобар свет, да бидат самоисполнети како индивидуи и да имаат конструктивна улога во општеството.
Луѓето често сакаат да се враќаат назад во историјата, да ги прегледуваат сите настани и факти кои биле во минатото, бараат причина за конфликт, причина за да покажат колку се поразлични од сите останати и сето тоа придонесува за настанување на незадоволство помеѓу народите, пошироките и потесни општествено – политички заедници.Ацосијацијата 615 прави чекор напред ,чекор кон иднината и докажуваат дека Битола има младина со која треба да се гордее, со погледи широко отворени кон светот, младина која е доволно спремна да прави промени, како на културен така и на економски, политички и социјален план.
Асоцијација 615 немаше да биди ништо ако не се држат сите заедно, секој настан зема се поголеми размери и самите бројки на посетеност кажуваат дека се прават промени во средината ЗАЕДНО. треба да се креира историјата за која многу ќе се зборува во иднината, полека, но сигурно!
Визијата на настанот СМОТРА е да ги обедини сите млади луѓе на едно место и сите тие да се спојат, соработуваат и да пренесуваат позитивна енергија преку музиката, да преземаат динамични работни активности и да влијаат врз промените во општеството
Целта на настанот СМОТРА е да ги разбуди скриените таленти, заспаната имагинација, да го поттикни ентузијазмот кај младите луѓе, да станат одговорни членови на нивните локални, национални и меѓународни заедници.
На овој настан ќе настапат следните артисти:
Saso Recyd
T:Zobe
Danny-L
Ќе се одржи на 2-ри Јули во Војнички ресторан (касарна).