Изложба на „Остен“ за 50 години Светска галерија на карикатури

Во Чифте амам вечерва (четврток, 22 ноември) од 19 часот ќе бидат отворени ретроспективна изложба „50 години Светска галерија на карикатури (1969-2019)” и изложба на 270 селектирани меѓународни уметници од Остен Биеналето на цртеж „Скопје 2018“.

Настанот е во пресрет на одбележувањето половина век од Светската галерија на карикатури и Остен биеналето на цртеж „Скопје 2018“.

Ќе бидат врачени награди и признанија на наградени уметници, карикатуристи и соработници на Остен уметност на хартија. Наградени се четворица уметници од Македонија (Родољуб Анастасов, Дарко Талески, Милан Андов и Невзат Бејтули Кица); по двајца од Италија (Пасквале Селона и Франко Векиет), Германија (Барбара Крол и Хелен Шулкин), Полска (Себастијан Лубински и Агњешка Х. Јанкиевич), Бугарија (Трајана Панајотова и Светла Радулова) и по еден уметник од Холандија (Херман Нордермер), Грција (Харис Кондосфирис), Србија (Тијана Којиќ), Русија (Олга Тобрелуц), Обединетото Кралство (Петре Николоски), Турција (Ахмет Албајрак) и од Јужна Кореја (Босук Ли).

Награди ќе добијат и десет карикатуристи: Владимир Боројевиќ, Златко Крстевски и Блаже Докулевски од Македонија; Недељко Убовиќ од Србија; Дамир Новак и Ратко Маричиќ од Хрватска, Дарко Дрљевиќ и Лука Лагатор од Црна Гора и Иваило Цветков и Милко Диков од Бугарија.

You May Also Like