Заседава заедничката Комисија за историја помеѓу Македонија и Бугарија

Втората средба на заедничката експертска Комисија за историски и образовни прашања, помеѓу Македонија и Бугарија ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Согласно договорената методологија и принципи на работа, членовите на Комисијата ќе разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовниот систем во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности.

Комисијата за која има за цел да ги испегла разликите од историјата (за која бугарската страна инсистира дека е „бугарска“) формирана е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Првата средба на комисијата беше одржана на 2 и 3 јули 2018 година во Софија, Бугарија.

You May Also Like