Изложба „Наивата во Македонија“ во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија (објект „Мала Станица“), денеска (1 март), со почеток во 19 часот ќе се отвори изложбата на „Наивата во Македонија“, а ќе биде промовирана и книга за феноменот на творештвото кое припаѓа на оваа област.

Куратор на проектот, кој беше претставен и во Уметничката галерија во Куманово, е Гоце Божурски. На изложбата претставени се дела од Вангел Наумовски, Ѓорѓе Шијаковиќ, Добри Трендафиловски-Добрин, Ристо Ристовски, Крсто Славковски, Боро Арсовски, Љубица Андреевска Љупка и многу други автори.

You May Also Like