Концертна промоција на „Звукот на трските“

Триото „Опера“ во состав: Татијана Петрушевска Караскаковска  – обоа, Игор Бакревски  – кларинет, Марјан Милошевски  – фагот, вечерва (четврток, 22.11) , во рамки на манифестацијата „Есенски музички свенечености“, концертно ќе го промовира компакт дискот „Звукот на трските“.

Концертот ќе се одржи во фоајето на Македонската опера и балет.

Во своето прво ЦД, триото преку интерпретации на делата од значајните француски композитори од 20-от век Жак Ибер, Дариус Мијо, Анри Томази и од познатиот македонски композитор Љубомир Бранѓолица, истражува нов и различен репертоар, пројавувајќи одлично чувство на ансамбл и стил.

„Опера“ е оформено во 2015 година како резултат на долгогодишна соработка на членовите во Оркестарот на МОБ. Целта е да се развие концертна дејност како ансамбл, вон активностите во оркестарот. Досега реализира соло-рецитали, концерти со други камерни ансамбли и соработка со повеќе професионални оперски куќи, симфониски оркестри во Република Македонија и во странство.

Опера Трио е составот кој одамна се очекуваше да се појави на македонската музичка сцена: креативниот потенцијал на искусните музичари со долгогодишната заедничка соработка во оркестарот може впечатливо да се реализира и во камерното музицирање. Нивниот прв компакт диск е одлична потврда за тоа. Преку интерпретациите на делата од значајните француски композитори од 20-от век (Жак Ибер, Дариус Мијо, Анри Томази) и од познатиот македонски композитор, Љубомир Бранѓолица, музичарите истражуваат нов и различен репертоар, пројавувајќи притоа одлично чувство на ансамбл и стил.“, вели Проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја

You May Also Like