IV Младински пролетен салон од утре во Мала станица

На 6 мај 2011 година (петок), во 20 часот, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во организација на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори републичката ликовна манифестација IV Младински пролетен салон, на тема „ГЛАСАЈТЕ ЗА МЕНЕ! ГЛАСАЈТЕ ЗА НАС!“.

Темата на овогодишниот Младински пролетен салон ГЛАСАЈТЕ ЗА МЕНЕ! ГЛАСАЈТЕ ЗА НАС! е во духот на актуелните вонредни парламентарни избори, каде е претставено ведро, иронично, креативно претставување на младите како кандидати за пратеници, членови на имагинарни партии преку своите портрети и плакати, слогани, повици, видео реклами и друг рекламен материјал што ја следи изборната кампања.

Со помош на модерен ликовен јазик, навлегување во светот на возрасните, но без употреба на познати политички имиња и симболи, креативно размислување и делување на младите како поединци или членови на група што бара и нуди подобар начин на живот за себе и за другите во својата држава.

Изложбата ќе биде отворена до 17 мај 2011.

You May Also Like