Утре (среда, 20 февруари) со почеток во 20:00 часот на сцената во МОБ ќе се изведе балетската претстава „Есмералда“ од Цезар Пуњи.
Диригент на претставата Бисера Чадловска, кореографија Михаил Крапивин од Русија, сценографија Живојин Трајановиќ, костимографија Љупка Ристовска и концерт мајстор Климент Тодороски.
Солисти:
Есмералда: Александра Мијалкова
Феб: Васил Чичијашвили (Грузија)
Флер де Лис: Ивана Коцевска
Квазимодо: Киро Павлов
Клод Фроло: Драган Кочоски
Гудула: Билјана Пашариковска
Циганка: Саша Евтимова
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот при МОБ