На денешен ден: Роден е Александар Ацо Станковски

На денешен ден е роден Александар „Ацо“ Станковски (Кичево, 26 јануари 1959), македонски уметник, претставник на македонската алтернативна уметничка сцена.

Познат е по својот постмодернистички и провокативен пристап во своето творештво. Користи колажен метод на компонирање зачинет со иронија, критички осврнувајќи се кон настаните во стварноста. Заедничка црта за целото творештво на Александар Станковски е неговата поврзаност со културата на андерграундот, каде го добил својот прекар, Ацо Рембрант. Користи хуморно-гротескен уметнички израз каде се третираат прашањата за религијата, сексуалноста и политиката. Постмодернистичката иронија и самоиронијата се често присутни во неговиот опус.

Неговото најпопуларно ликовно дело е циклусот Тајни вечери (1990-1991) во кое познатото дело на Леонардо да Винчи е обработено и деконструирано на најразлични начини, како на пример, приказ на Тајната вечера со членовите на Зеро, Дизни верзија, итн.

Александар Станковски е главно ликовен уметник. Колажната техника која тој ја употребува опфаќа голем број на сегашни и уметнички правци со кои си „игра“ во презентирањето на своите концепти. Употребува повеќе техники: масло на платно, масло на картон и други техники.

Има реализирано бројни самостојни изложби:

– Дом на ЈНА, Скопје (1980)
– Дом омладине Будо Томовин, Подгорица (1984)
– Галерија 25 Мај, Скопје (1985)
– Галерија Hronos, Загреб (1986)
– Kunst onder de toren, Бреда, Холандија (1987)
– Hallway Gallery, Peninsula Museum of Art, Монтереј, Калифорнија, САД (1988)
– Bank fur Verschaft Social, Келн, Германија (1989)
– Schoultke Gallery, Келн, Германија (1990)
– Музеј на Град Скопје, Скопје (1997)
– Музеј на Град Скопје, Скопје (2002)
– Пенетрација во ЕУ, перформанс, Press to Exit, Скопје (2005)
– Сновиденијата на Пандалф Вулкански, Културен центар Точка, Скопје (2005/06)
– Ликовен салон на МАНУ, Скопје (2006)
– Скарадности, Куршумли-ан, Скопје (2006)
– Разгледници од транзицијата, Дом на млади, Штип (2007)
– Петолетка, изложба во рамките на манифестацијата Бела Ноќ, КИЦ, Скопје (2007)
– Политиката на телото во сликарството на Александар Станковски, јавен разговор, Културен центар Точка, Скопје (2008)
– Синергија (со Мартин Галевски), Отворено графичко студио, Музеј на Град Скопје (2008)
– Јавна вечера по повод „Тајната вечера“ на Станковски, перформанс, Галерија 7, Скопје (2009)
– Забава, стрип-изложба, Мала Станица, Скопје (2009)
– Нудизам, изложба на акти, Мала Станица, Скопје (2011)
– „Театар“ Изложба на Ацо Станковски, Младински културен центар (2017)

Групни изложби има остварено во Скопје, Виена, Њујорк, Келн, Копенхаген, Франкфурт, Истанбул, Будимпешта, Барселона.

You May Also Like