Меѓународната изложба „JOIE DE VIVRE“ – Радост на живеење, ќе биде отворена утре вечер (5 мај 2011 година), во 20 часот, во Музејот на град Скопје.
Проектот „JOIE DE VIVRE“ ( Радост на живеење ) има цел да ја поттикне и развие соработката помеѓу уметниците од Скопје (Македонија) со уметниците од Подгорица (Црна Гора), како и да претстави дел од актуелната ликовна сцена во истите градови, со тоа и да ги презентира градовите Скопје и Подгорица како валидни центри на култура на овој дел од Балканот, но и да презентира дел од богатата современа културна сцена во истите.
Автори од Македонија: Исмет Рамиќевиќ, Беди Ибрахим, Дијана Томиќ Радевска, Александра Петрушевска, Гоце Наневски, Атанас Ботев, Марија Сотировска, Зоран Поповски, Славица Јанашлијева и Нехат Беќири.
Автори од Црна Гора: Тијана Дујевиќ Лисчевиќ, Наташа Ѓуровиќ, Тијана Гордиќ, Адин Растодер, Дарко Ѓуровиќ, Нада Кажиќ, Марко Луковац, Илија Никчевиќ, Милош Поповиќ Мики и Жељко Рељиќ.
Изложбата е во организација на Арт Фактор и Музеј на град Скопје, а за посетители ќе биде отворена до 22.05.2011 година.