Спомен – куќата на Тоше Проески во Крушево низ бројки и слики

Повеќе од 15. 000 илјади посетители ја виделе Спомен – куќата на Тоше Проески во Крушево за само една недела од нејзиното промовирање во јавноста.

Гости, голем број фанови, организирани групи ученици и средношколци од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија, но и групи од Велика Британија и Холандија во изминатиот период беа во посета на музејската поставка низ која живее споменот за најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески.

Спомен – куќата на Тоше Проески во Крушево функционира според сите правила и процедури застапени во врвните европски музејски установи. За посетителите е отворена од 9 до 21 часот, освен во понеделник, а фотографирањето во внатрешноста не е дозволено.

You May Also Like