Mеѓународен фестивал „Фолклорен мост“

На платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во сабота на 20-ти јули 2018, од 20 часот ќе се одржи меѓународниот фестивал „Фолклорен мост“.

Традиционално, манифестацијата ќе започне со свечено дефиле на учесниците низ градот, а на годинашното 13 то издание на фестивалот ќе учествуваат 13 фолклорни ансамбли и друштва од Македонија и од земјите на Балканот:

1.КУД  „Илинден “ – Струга

2.КУД  „Бранко Радичевиќ “  – Стара Пазова,  Србија

3.ФА „Ѕуница “  – Скопје

4.ДФА „Неврокоп “  – Гоце Делчев, Бугарија

5.КУД  „Везилка “ – Прилеп

6.КУД  „Сијач  “  – Загреб, Хрватска

7.КУД „Дримкол “  – Вевчани

8.КУД  „Будуќност 1984 “ – Добановци , Србија

9.АФ  „Гоце Делчев “ – Битола

10.АФ  „Стив Наумов “  – Логоврди

11.КУД  „Новаци “  – Новаци

12.КУД  „Цариброд “  Димитровград , – Србија

13.КУД  „Илинден “  – Демир Хисар

Оваа година ќе настапат околу 500 учесници кои преку песни и игри, ќе ги претстават фолклорните традициии и културните особености на своите земји.

Фестивалот е помогнат од министерството за култура.

 

You May Also Like