ДЛУМ избра нов Претседател и нови управни тела

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денес (сабота, 02.03.2019 година) го оддржа Собранието за избор на нов Претседател и нови управни тела на ДЛУМ.

Седницата ја водеа дел од Управните тела на Друштвото. Откако се презентираа точките од дневниот ред се пристапи кон тајно гласање за избор на Претседател, Подпретседател, Управен одбор и Уметнички совет.

Според добиените резултати од гласањето, од двајцата предложени кандидати за избор на претседател на ДЛУМ, избран е ликовниот уметник Филип Фидановски, а за Подпретседател Марјана Костојчиновска Узунчева кои воедно се дел од Управниот Одбор, во чиј состав членови се и Златко Бојковски, Христијан Санев и Шќипе Мехмети.

За Претседател на Уметничкиот совет избрана е Дијана Томиќ Радеска, а останати членови на составот се: Симонида Филиповска Китановска, Жани Гелевска, Марија Светиева, Маја Кировска, Новица Трајковски и Стефан Димовски.

Со ова се заокружува новата постава за четиригодишниот мандат на раководни тела на ДЛУМ, кое ќе ги застапува интересите на уметниците членови на овој ликовен еснаф.

You May Also Like