Збирката поезија „Ја имам надежта“ содржи 52 песни, а отпечатена е во тираж од 500 примероци. Роза Мојсовска е автор и на збирките „Во прегратките на Исус“, „Немам време“ и „Победив“, а свои ликовни дела изложувала во Швајцарија, Италија, Словенија, Србија и Бугарија.
Авторката Роза Мојсовска која има телесен хендикеп, но од преголема желба, талент и напорна работа пишува и црта со уста. Таа вчера ја претстави 4-та збирка поезија „Ја имам надежта“. На презентацијата организирана од Лајонс клубот „Кабадаја – Битола“ беше претставенa нејзината поезијата и ликовното творештво. Роза Мојсовска која живее и работи во Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско – Струмица, основен мотив и инспирација за тоа што го пишува и црта и е Светото писмо и нејзината поезија, која е духовна.
На слики на Роза се застапени се цвеќиња, пејзажи, девојки и други сегменти од животот. Мојсовска не се жали што е хендикепирана и без пречки ги креира нејзиното творештво со уста.
Автор: Љубица Поповска