Ансамблот „Јонче Христовски“ награден во Турција

Ансамблот за народни песни и игри „Јонче Христовски“ – Скопје на Меѓународниот фолклорен фестивал “Sisli culture and art festival” кој што се одржа од 28 јуни до 4 јули во Истанбул (Турција), освои прво место, а првата награда на членовите на овој ансамбл им ја додели градоначалникот на Истанбул, Кадир Топбаш.

На меѓународниот фолклорен фестивал “Sisli culture and art festival” учество земаа и фолклорни ансамбли од Кипар, Грција, Порто Рико, Индонезија, Турција, Словачка, Украина, Полска и Египет.

Фолклорните Ансамбли беа оценувани од 8 члена жири комисија составена од претеседателот на фолклорната федерација на Турција, претставникот на федерацијата од градот Истанбул како и 6 докажани стручњаци од областа на фолклорот.

За времетраење на фестивалот Ансамблот имаше повеќе успешни настапи на кои се претстави со игри од Скопско, игри од Источна и Егејска Македонија, кореографијата Жетварка, Мариовска Тресеница и фрагменти од Калајџиско оро. На сите свои настапи Ансамблот се претстави со автентични народни носии и беше придружуван од народниот оркестар при ансамблот.

Освоеното прво место на овој фестивал претставува голем успех за членовите на Ансамблот „Јонче Христовски“ кои што за прв пат учествуваат на фестивал од натпреварувачки карактер, а за учеството на Меѓународниот  фестивал “Sisli culture and art festival”, поддршка доби од Град Скопје.

You May Also Like