“Celebrity culture” на Стефан Соколовски во Мала станица

Изложба на фотографии “Celebrity culture” на Стефан Соколовски ќе се одржи во петок (7 декември) со почеток во 19:30 часот во Мала станица…

Стефан Соколовски, роден 1997 година во Куманово, е самостоен македонски фотограф кој се занимава со модна и уметничка фотографија. Започнува со фотографија од својата 15-годишна возраст. Својата пасија кон оваа уметност ја открил најпрвин преку цртање и скицирање портрети кои подоцна ќе ги долови преку својот објектив. Со фотографија се занимава веќе 7 години, од кои 4 години професионално.

Во почетоците поголемо присуство во неговиот опус доминираше уметничката фотографија, која подоцна се надоврзува со модна фотографија. Негов најголем предизвик за фотографија се фотомодели и познати јавни личности, од областа на музиката, културата, модата, уметноста и шоу-бизнисот. Досега има објавено фотографии во разни списанија, билборди и рекламни кампањи. Свои фотографии има изложувано во Македонија, Србија, Португалија, САД и Германија. Својата прва награда ја добива на 17 години.

“Celebrity culture” е негова прва самостојна изложба во Република Македонија.

Инспирација за оваа изложба авторот добива од тоа како изгледаат познатите личности во јавноста и приватно, во своето секојдневие. Контрастот во самите реалности и како тие се прикажани трансформативно. На изложбата ќе се најдат фотографирани вкупно 15 познати личности од Македонија со по 2 фотографии.

Некој од нив пазари во продавница, некои се шетаа во парк со своите деца, некои се во домашна атмосфера со своите миленичиња, некои пак ги фативме и на сценска проба, некои позираа лабаво по долен веш, други возеа велосипед.

Изложба ќе се отвори на 7 декември (петок) во просториите на Националната Галерија на Македонија, објект Мала Станица, со почеток во 19:30 часот,а ќе трае заклучно со 13 декември.

You May Also Like