Концерт „Вечер со руски романси”

Утре, (09.07.2021 година, петок) ќе се одржи концерт насловен „Вечер со руски романси”, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба. Ќе се изведуваат соло песни од руски автори, а учествуваат: Македонка Петреска – сопран, Ивона Огненовска – мецо-сопран, Елена Васова – сопран, Сара Јанева – мецо – сопран, Марија Ѓеорѓиевска – сопран, Фјола Исеини – сопран, Мариана Бошковска – мецо-сопран, Билјана Камчева – сопран и Давид Миладинов – баритон. Музички соработник и водител е м-р Елена Силјановска.

Романса е жанр на естетско доживување на човечките емоции. Во време на прагматизам и материјализам, руските романси нè навраќаат на чувствата и продуховеноста. „Концерти на руски романси во МОБ“ во организација на корепетиторот и селекторот во Македонија за меѓународниот натпревар, м-р Елена Сиљаноска, се одржуваат во Фоаје на МОБ од 2014 година.

Годишниот концерт на руски романси имал најмногу публика во последниве 3 години. Минатата година за првпат концертот влезе и во прогамата на „Скопско лето”. Учествувале повеќе од 40 млади македонски вокалисти – студенти и ученици од образовни институции во земјава. Концертот е присутен и во македонскиот етер (ТВ „Наша ТВ”, снимено 2 концерти – 2016 и 2017 г.).

Концертите имаат свој карактеристичен перформанс. Освен изведба на композициите присутен е наративен – едукативен и емотивен – дел поврзан со историја, стил, композитори, поети, изведувачи. Во програмата покрај класични дела, вклучени се и романси непознати за македонската публика.

Концертот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани, а влезот ќе се регулира со билети по фестивалска цена од 200 денари кои ќе може да се купат пред почетокот на концертот на влезот на Музејот.

You May Also Like