Хуманитарен ХАЕ концерт на Школка

ХАЕ Македонија го организира ХАЕ настанот (Хуманитарен концерт по повод одбележување на светскиот ден на ХАЕ) од 12:00 за 14:30 часот, денеска (сабота, 18 мај) на Школка во парк.

Во Македонија нема лек за ова заболување и целта на концертот е на убав и забавен начин да се подигне свеста на јавноста за оваа болест, со цел да се направи чекор понапред на патот до лекот.

Ќе се понудат информации за Хередитарниот ангиедем, ретко генетско заболување, но ќе има и одлична забава со изведувачи, групи, диџеи: Хор Злата Мегленска, Наталија Славева, Ангелина Стојановска, , Игор Узунов, Ања Ветерова, Балетско студио ЕУРЕКА, Сара Маркоска, Игор Митровиќ, Наде Талевска, Бојана Антанасовска, Александар Белов, Културно уметнички работници, Тотално опуштање, Kiklop and the Banshee, Зад аголот, Морал, Андреј Анчевски,  Горан Кан, Зоки Бејбе, Мирко Попов…

Хередитарниот ангиоедем, ХАЕ, претставува ретко генетско заболување кое се манифестира со отоци на различни делови од телото (екстремитети, лице, внатрешни органи за варење грло итн.) од кои некои може да доведат до животозагрозувачка состојба. Се претпоставува дека 1 во 10000 – 50000 луѓе се заболени од ХАЕ без разлика на нивниот пол, национална припадност и сл. Во Македонија се веќе дијагностицирани 16 пациенти коишто не добиваат никаква терапија, па една од целите на овој настан е да се помогне во подигнувањето на јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат пациентите со оваа болест.

You May Also Like