Малку сме запознаени со работата на нашинците во дијаспората. Еве еден артист со македонско потекло во Австралија, кој настапува под уметничкото име Volk (или Vulk) Makedonski.
Навистина еден впечатлив лик, кој прави хип хоп на македонски и на англиски, римите му се воглавно за патриотски теми, околу македонското прашање.
Редакцијата на cOoLTuRa.mk ќе се обиде да дознае во скоро време нешто повеќе за овој артист, а до тогаш уживајте во овој негов краток настап на некое австралиско шоу и неговиот My space профил.