„Баклава“ со концерт на сефардска музика во Битола

Концертот на етно составот „Баклава“ ќе се одржи вечерва (вторник, 24 јули) пред Дом на АРМ со почеток во 21:00 часот, а како алтернативен простор за одржување на истиот е Големата сала на Центарот за култура.

Баклава е музички состав со минималистички музички концепт: звукот  го градат само еден женски вокал и два жичани и ударни народни инструменти.

Основана е во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во сопствени музички проекти, но и во соработка со други музичари и групи.

Првиот албум е насловен „Баклава” (2007). Вториот „Калемар“ е издаден на крајот од 2008 година. Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум. Се состои од 14 композиции од кои 11 се компонирани од бендот, а три се македонски традиционални песни.

Баклава настапува во следниот состав: Елена Христова, Дејан Сибиновски, Владимир Мартиновски и Ѓорѓи Клинчаров.

You May Also Like